Во период од 10:00 до 14:00 часот во текот на денот е спроведена засилена акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 81 пешак.
За небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин санкционирани се 48 пешаци, 33 за минување на црвено светло, а за време на контролата регистрирани се и 22 останати прекршоци – информираат од Министерството за внатрешни работи.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.