Секторот за недозволена трговија со дрога извршил претрес кај две правни лица од Неготино овластени за одгледување канабис за медицински цели, при што констатирани се повеќе неправилности.
Кај едното правно лице недостигале околу 40 килограми канабис од четири реколти, а констатирани се и низа неправилности со кои правното лице постапувало спротивно на неколку члена од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.
При претрес кај другото правно лице бил пронајден сув цвет од канабис за кој било доставено известување до комисијата, сув цвет за кој допвра ќе се достави документација до комисијата, а биле констатирани и повеќе неправилности спротивни на Законот за контрола на опојни дроги.
По целосно докумнетирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.