Четири лица кои управувале мотор вчера во одделни сообраќајни несреќи се здобија со тешки телесни повреди.

Прво во 14.27 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(33) од Битола и мопед „хамачи” со битолски регистарски ознаки, управуван од К.Л.(20) од Битола.

Во несреќата митоциклистот К.Л. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

Во 17.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Гевгелија, Р.И.(69) од Гевгелија, управувајќи мопед со гевгелиски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.

Околу 17.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на место викано „Бистровец“ во близина на Црно Езеро, Л.Б.(31) од с.Неготино, додека се движел со четрицикл, изгубил контрола и почнал да се лизга, при што скокнал од четирициклот и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Гостивар.

Во 18.50 часот на регионален пат Маврови Анови – Гостивар, на место викано „Влајница“, Ј.А.(18) од Гостивар, управувајќи мотоцикл „бмв“ без регистарски таблички, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.А., констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.