На денешното рочиште сведочеше и Иво Нешковиќ, внук од сестра на Александар Ѓорчевски. Обвинителката го праша на кој начин комуницирале со вујкото.
На мобилен, на „вибер“, но и преку апликацијата „дискорд“. Тоа е апликација која ја користат луѓе што играат видео игри, рече тој.
Иво се разбирал во технолигија и телефони и се понудил да ги контролира пораките на фејсбук-профилот на мајката на Вања, Зорица, затоа што како рече имало гадни коментари.
Александар побара од мене да му пишам на Илон Маск преку „твитер“ да ја најде Вања преку сателит. Знаев дека тоа е невозможно, но го направив за да го смирам, бидејќи беше многу вознемирен, објасни внукот на Александар.
Иво го помагал вујкото и во август минатата година му позајмил 30.000 денари, но Александар секогаш инсистирал да му ги врати.
Претходно сведочеа таткото, мајката и сестрата на Александар:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.