Организирана група измамници оди од врата на врата во домовите на луѓето низ скопските населби, претставувајќи се како да се членови од хуманитарната организација „Свети Спас“. За претстојниот христијански празник Велигден тие бараат финансиска помош, наводно за „хендикепирани дечиња“. Од организацијата предупредуваат граѓаните да не им веруваат на лицата кои ги користат овие беџови со нивното име.
Овака изгледаат лажните беџови кои што ги користат измамниците (нормално без наш печат), а личноста на сликата е член на организираната група.
Наводно личноста којашто е главна на организираната група е извесна Габриела Станојковска и наводно имале канцеларија негде кај Универзална сала.
Благодарност до поддржувачот којашто ни ги даде овие информации, велат од „Свети Спас“.
Измамниците се пријавени во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.