Немаше индиции дека девојчето е киднапирано. Иако мајката првично напишала дека Вања е киднапирана, па подоцна ја изменила пораката, рече началникот Дејан Димовски oд одделот за насилен криминал и крвни деликти во СВР Скопје на прашање на адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, како претпоставувал дека девојчето е киднапирано.

Еднаш имала обид и да се исече со тврд предмет по расправија со родителите. На тоа ја потсетила помалата ќерка Миња која присустувала на разговор меѓу мајката и полицијата. Зорица кажа и дека го знаела виртуелниот дечко на ќерката и еднаш присустувала на нивна караница преку компјутер. Станувало збор за момче околу 18 години на чии профил имало знамиња на ИСИС. Со него Вања интензивно се допишувала, рече началникот.

Началникот додека траела потрагата го прашал Александар што му значела пораката во училишната група на Вања во која се спменувал откуп.

Ништо, по грешка, одговорил Александар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.