Рано утринава се случи сообраќајна несреќа на крстосницата од бул. „Мајка Тереза”, со ул. „Тодор Александров” и ул. „Белградска” , патничко моторно возило со скопски скопски регистарски ознаки удрило во бетонска жардињера, пренесе „Сител“.

Полицијата веќе е на терен и врши увид на местото на несреќата, повеќе детали се најавуваат во текот на денот.

Оваа е втора сообраќајна несреќа по ред која се случува на истото место за краток временски период, претходно малолетник со патничко возило исто така се удрил во метална канделабра и бетонска жардињера.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.