Унгарските пожарникари во саботата си заминаа од Македонија, по 10-дневните интервенции воглавно врз пожарот во селото Брезница.
Унгарија на 1 август испрати тим од 46 лица со 13 возила меѓу кои и специјални теренски противпожарни возила.
Пред нивното заминување, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов оствари средба на којашто обострано беше искажана благодарност за добрата соработка, којашто останува нешто што ќе се надоградува во име на пријателството на двете земји и заедничкото помагање и справување со кризните ситуации, особено со пожарите од поголеми размери, како што се оваа сезона во нашата држава.
Пожарникарте објавија видео од гаснењето на големиот пожар во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.