На ден 03.10.2022 година, во кругот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, во Одделот за одржување на влечните средства, утврдена е извршена кражба на кабел од влечен мотор од локомотива серија бр. 642 и делови и кабли од манипулатор. Поради кражбата на деловите и дополнителните оштетувања, оваа локомотова не е повеќе во возна состојба, со што е направена енормна штета на компанијата, имајќи ги предвид малиот број на возни средства со кои располага истата, соопштија од Железничи и Транспорт АД-Скопје.

Додаваат дека, кражбата е пријавена до Министерството за внатрешни работи и утврдена е фактичката состојба од страна на Одделот на криминалистичка техника, со што е започната истражна постапка.

Бидејќи кражбата е извршена во кругот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, стојат претпоставките дека оваа кражба не претставува ништо друго, туку саботажа на работењето на компанијата“, велат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.