Уапсените лица од Батинци во денешната полициска акција, а кои се товарат за „изнуда“, се вработени во Агенцијата за обезбедување „Никоб“, неофицијално дознава Нетпрес.

Осомничените држеле заложник во казино, му изнудиле 50 илјади евра, а му земале и автомобил марка „порше кајен“.

Уапсени се петмина (Ј.К., М.Т., Р.С., Џ.Ќ., Е.Ч.), а за еден од нив веќе е определена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на останатите им се одредени мерки за безбедност. За уште три лица (М.Р., С.Р. и Б.Р.)  е распишана централна потерница.

На 8 јуни 2022 во СВР Скопје жител на Батинци пријавил дека на во неделата околу 20.30 часот во казино во селото Батинци, каде што  по претходна вербална расправија со М.Т. бил повикан од Ј.К. и задржан подолго време, бил физички нападнат со тврди предмети од неколку лица, кои со закани му изнудувале до денес, 10 јуни 2022 да им исплати 50.000 евра и му го одзеле патничкото возило „порше кајен“, во кое имало пари и лични документи, информираа од Министерството за внатрешни работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.