Кај крстосницата на влез во село Радолишта, струшко, лишени од слобода се С.М.(39) и А.С.(43) двајцата од.Албанија во чие возило биле пронајдени 81 охридска пастрмка како и мрежи за лов на риби.
МВР информира дека лицата биле приведени од полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал-Струга, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово,
„При извршена контрола во патничко возило „мерцедес”, со албански национални ознаки, биле пронајдени 50 килограми риба, поточно 81 парче охридска пастрмка и 20 рибарски мрежи во единечна должина од по 100 метри, кои биле предмет на недозволена трговија од Албанија кон Македонија“, се вели во информацијата на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.