На 02.01.2022 во 13.00 часот на Граничниот премин Аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода Е.К.(36) од Република Турција.

При пасошка контрола било констатирано дека хрватската патна исправа што ја приложил на увид била фалсификувана. Исто така, при преглед кај него биле пронајдени фалсификувани хрватска лична карта и хрватска возачка дозвола, велат од МВР.

Додаваат дека лицето било предадено на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.