Дваесет и тригодишен државјанин на Турција со повреда од остар предмет бил примен во гостиварската болница.
Според пријавеното, тој ја добил повредата во станот во кој привремено престојува во Гостивар со двајцата свои сонародници Е. Н. (20) и Т. Н. Е. (21).
Како што е пријавено, играјќи, изгубил рамнотежа и за да не падне, се фатил за работната маса на која имало остар предмет.
Се расчистува и документира случајот, велат од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.