Три лица се пријавени дека починале на различни јавни места низ Скопје во текот на четвртокот.

Прво во 09.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кеј на реката Вардар, во близина на паркот „Франкофонија“, било пронајдено тело на починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Во 13.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на потегот од клучка Арачиново кон клучка Хиподром било пронајдено тело на починато машко лице. По преземени мерки и извршен увид било констатирано дека се работи за Б.М.(63) од Скопје, за кој на 27.10.2024 беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на скали за влез во подрумски простории на подрачјето на Карпош било пронајдено починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.