Три лица од Арачиново се гонат за убиство во обид и предизвикување општа опасност откако во август пукаа кон двајца сограѓани и едниот го ранија.
Како што соопшти претхоно полицијата, на 29 август 2024 околу 21 часот во селото Арачиново, Скопско, со огнено оружје е пукано кон А.И. (25) и В.Б. (29) од Арачиново, при што со прострелни рани се здобил А.И.. Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти извршja претреси на повеќе локации во Арачиново, при што од слобода го лишија Е.А. (22) од Арачиново.
Поднесена е кривична пријава против Е.Б. (29), В.А. (27) и Е.А. (22), сите од Арачиново за кривично дело обид за убиство по член 123 во врска со член 19 од КЗ и кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Од страна на судија на претходна постапка на лицето Е.А. определена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.