Трагите за можниот нарачател на неуспешната ликвидација на Раде Трајковски – Штекли од Ист Гејт мол водат кон затворот Идризово, дознава „Алфатв“ .Ранувањето на Штекли наводно е поврзано и со упадот на специјалците во затворот.Намерата била да се одземат телефоните на неколкумина затвореници кои се осомничени дека имаат некаква врска со пукањето.

Рацијата не е беше против начинот на кој се внесува дрога и оружје внатре. Тоа е поради пукањето во Ист Гејт. Ставени се одредени осуденици на ПИМ мерки подолго време. Телефоните беа потребни да се вештачат, конечно да се расветли кој нарачува убиства и опожарување на возила-велат изворите на „Алфатв“ .

 

Повеќе на „Алфа.мк“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.