На патниот правец Макази – Маркова Нога, на С.Е. (69) од ресенското село Асамати му се слошило додека управувал автомобил „Фиат Пунто” со охридски регистарски ознаки. Со возилото излетал од коловозот, по што починал.

Како што соопшти МВР, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Случајот бил пријавен во СВР Битола.

Увид на местото извршиле екипа од ОВР Ресен, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.