Триесет и седумгодишен жител на скопско село вчера пријавил во полициската станица Гази Баба дека бил измамен на 12 јуни од едно лице за сума од 15.000 денари. 

Според пријавата, лицето му се јавило и се претставило дека е од Тетово и побарало од него да се најдат во Тетово за да договорат транспорт на вештачка трева. Подоцна, лицето повторно му се јавило и побарало од него да земе и да плати автомобилски делови од друго лице кое ќе го чека после наплатната станица Глумово, по што кога ќе пристигне во Тетово, ќе му ги врати парите.

Лицето сфатило дека е измамено откако измамникот не се појавил на договореното место во Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.