Вчера утрото, велосипедистка била тешко повредена откако била удрена од автомобил „мерцедес“, велат од МВР.

„На 16.02.2022 во 07.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Благоја Стефковски“ со ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од О.С.(60) од Битола, удрило во велосипед управуван од А.Ѓ.(49) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ѓ. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“– соопштуваат од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.