Вчера во 11.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Славка Динкова“ и ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(41), удрило во велосипед управуван од З.С.(61), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.