Вчера во 18.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица, во село Владевци, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „ИМТ 53“ без регистраски ознаки, управуван од 61-годишниот В.С. од село Едрениково, општина Василево и патничко возило „волво“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 65-годишниот Н.Р. од село Покрајчево, радовишко.

 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.