МВР информира дека вчера (16 декември) во 16.30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу влекач „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(61) од Куманово и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(29) од Инџиково, скопско.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил З.С.(56) од Инџиково, сопатникот од возилото „форд“, констатирани во болницата во Гостивар.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Кичево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.