Сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот „Партизански одреди“ на крстосницата со булеварот „8 септември“, во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“, објави 360 степени

Според информациите од МВР сообраќајката се случила во 20 и 20 часот и засега е пријавено едно повредено лице, кое со екипи на Брза помош е пренесено во ГОБ „8 септември“.

Во несреќата учествувале две возила , Сеат Ибица со велешки регистарски таблици и БМВ со скопска регистрација.

Полициски екипи се терен и се утврдуваат причините за несреќата, велат од МВР



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.