Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на автопатот Скопје – Велес во близина на Катланово.

Тројца патници загинаа, а петмина се префрлени в болница, откако попладнево се преврте комбе на автопатот Скопје-Велес, соопшти МВР.

“Во 17.45 ч. пријавено е дека на автопат Скопје -Велес, пред тунелот, се превртело комбе. Досега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител”, велат од МВР.

На местото на несреќата први помош укажале две екипи на Брза помош од Скопје и една од Велес.

Поради сообраќајна несреќа блокирани се двете сообраќајни ленти на автопатот Скопје – Велес, информираат од АМСМ.

Оттаму додаваат дека сообраќајката се случила пред тунелот на автопатот и оти сообраќајот е во прекин од 17:45 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.