Полицискиот билтен викендов е полн со пријави за тепачки, но и за тепани сопруги, поранешни сопруги и повозрасна жена која ја тепал синот, а во еден случај натепан бил и вработен како обезбедувач. Полицијата со полни раце работа постапувала во десетина случаи и тоа во Скопје, во Куманово, Кочани и Кратово.
Вчера во 18.30 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Џ.(59) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал својата 79-годишна мајка. Тој бил спроведен здравствена установа.
Истиот ден во 23.15 часот во СВР Куманово, 36-годишна жена од Куманово пријавила дека околу 22.45 часот во дворот од нејзината куќа била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Д.П..
Денес во 01.40 часот, полициски службеници од полициското одделение Мирковци го привеле Г.Т.(46) од с.Побожје, општина Чучер-Сандево, затоа што на 27.07.2024 околу 20.30 часот во с.Побожје физички го нападнал С.Н.(65) од истото село.
Еден час подоцна денес во полициската станица Кочани, Ф.П. од Кочани пријавил дека околу 00.30 часот тој и неговата девојка биле физички нападнати од три машки лица.
Во СВР Скопје, 28-годишна жена од скопско село исто така пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.Ј.(29), кој оштетил и врата на една соба.
Вчера во 21.50 часот во СВР Скопје, А.С.(21) од с.Петровец пријавил дека во 21.15 часот на работното место како обезбедување во трговски центар на подрачјето на Карпош во Скопје бил физички нападнат од Ј.И..
Во СВР Скопје било пријавено е дека во двор од куќа на подрачјето на општина Петровец, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.П.(45) и Н.Ц.(41), двајцата од с.Петровец, скопско.
Пријава има и во полициската станица Кратово според која на ул.„Св.Георгиј Кратовски“ во Кратово, по претходно недоразбирање околу паркирано возило, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Л.(70) и Т.Л.(35), двајцата од Кратово.
Во сите случаи на насилство и нарушување на јавен ред и мир од полицијата највуваат соодветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.