41-годишен скопјанец физички бил нападнат од три лица.

На 17.10.2022 во 11.00 часот во Полициската станица Центар, Е.Б.(41) од Скопје пријавил дека околу 10.00 часот на паркинг на подрачје на Центар, Скопје, додека извршувал работни задачи како вработен во Градски паркинг, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.С.(47), А.Г.(34) и А.Г.(27), сите од Скопје, соопшти полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.