Српскиот новинар Срѓан Ного во својата емисија „Скриената вистина за убиството на Вања и Панче“ на Јутуб тврди таткото на убиената Вања уште не бил викнат на распит иако во притвор е повеќе од еден месец.

 

Неговиот адвокат планира освен жалба за притворот, да побара ОЈО да му објасни зошто неговиот клиент сè уште не е повикан на распит а ќе бара и информации како снимките, на кои се слуша гласот на Александар Ѓорчевски, стигнале во рацете на контроверзниот Ного.

Во обвинителство велат дека Ѓорчевски уште на почетокот на постапката дал исказ со кој ја негира неговата инволвираност и какви било сознанија за убиството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.