Царински инспектори од Одделението за оперативни работи, спречија обид за нелегален влез на четворица мигранти по контрола на товарно моторно возило на граничниот премин Богородица чија крајна дестинација била Франција.
Мигрантите биле скриени во полуприколката на товарното возило, меѓу палети со стока пријавена за транзит. Тројца од мигрантите согласно нивната изјава се од Сиера Леоне, а едно лице е од Нигерија.
Лицата се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.
Граничната контрола, спречување меѓународен криминал и безбедноста на државата и натаму останува императив во работата на Царинската управа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.