Ученик од Скопје доживеал тешко врсничко насилство за време на екскурзија во Охрид. Неговите соученици три дена го злоставувале – го тепале, го допирале по телото и го навредувале.
За случајот да биде уште потрагичен, ученикот и претходно бил малтретиран од истите насилници.
Насилството врз детето се случило пред три недели, а неговиот татко го пријавил во полиција вчера.
„На 28.10.2024 во 16 часот во СВР Скопје, 61 годишен Е.Ш. од Скопје пријавил дека во временскиот период од седми до деветти октомври, додека биле на екскурзија во Охрид, неговиот малолетен син од неколку негови малолетни соученици бил допиран по телото и вербално и физички бил малтретиран. Според пријавеното и претходно бил малтретиран од истите соученици“, соопшти полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.