Автомобили со тетовски и скопски регистарски таблици се судрија во Ѓорче Петров. Несреќата се случи попладнево, на раскрсницата меѓу улиците Кузман Шапкарев и Борис Сарафов. Едно од возилата, од силината на ударот е излетано и надвор од улицата, објави „Скопје1“.
Очевидци велат дека интервенирала и Брза помош, која двете лица од автомобилот со скопски регистрации ги пренела во болница. Тие биле повредени, а за здравствената состојба засега нема информации.
Увид направи и полицијата, која ќе треба да ги утврди причините за несреќата. Локалното население вели дека на оваа раскрсница скоро никогаш не се почитуваат сообраќајните правила.
фото: Скопје1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.