На 02.12.2023 во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(35) од Скопје и мотоцикл управуван од А.А.(38) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Додека, со телесни повреди, констатирани, исто така, во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се здобил С.М.(33) од Куманово, сопатник на мотоциклот.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.