Регионалниот ЦУК Тетово извести дека и денеска трае потрагата по лицето од село Теново, кое за исчезнато беше пријавено на 6 август годинава.
Се пребарува теренот покрај реката Вардар во атарот на селата Стенче, Теново и Радиовце. На терен се 23 полициски службеници заедно со командирот на ПС Жеровјане, 5 вработени во ДЗС, 5 вработени во ТППЕТетово од кои две специјализирани лица за нуркање, извести ЦУК Тетово.
На терен, заедно до тимовите од институциите, е и раководителот на РЦУК Тетово, заедно со уште еден вработен од Регионалниот ЦУК. Раководителката Арлинда Мухареми информираше дека потрегата се координира согласно планивите и можностите на вклучените во потрагата, се додава во соопштението на ЦУК Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.