На 08.12.2022 во 14.20 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит пазар ги лишиле од слобода Р.Р.(21) и Џ.Р.(32), двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека одзеле пари од возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.Д.С.(47) од Скопје, кое истиот ден било оставено за чистење во автопералницата во која работеле.
Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор го признале делото. Парите биле пронајдени и вратени на сопственичката, а за случајот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 235 од Кривичниот законик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.