Синоќа во 23:20 часот било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу М.Б.(39) и В.Б.(50), двајцата од Скопје. Сочинет бил записник по чл.11 од ЗППЈРМ.
Вчера во 15:10 часот М.З.(49) од Скопје пријавил дека на кеј „13 Ноември“, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
Синоќа во 21:30 часот во Полициска станица Центар О.М.(48) од Скопје пријавил дека околу 20:00 часот пред продавница на подрачјето на Центар неколку лица физички го нападнале неговиот малолетен син и му одзеле мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 13:45 часот И.Т.(48) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Гази Баба, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од Б.М.(37) од Скопје и уште едно лице. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.
Вчера во 12:20 часот во Полициска станица Аеродром е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на населба Лисиче, М.Т.(29) од Скопје, по претходна расправија со женско лице, била физички нападната од него и уште едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.