„Вчера во 14.50 часот на граничниот премин Табановце полициски службеници го лишиле од слобода К.А.Ј.Б.(49) од Шведска, поради тоа што при извршени проверки во оперативна евиденција било констатирано дека патничкото возило марка порше каен, со шведски национални ознаки, кое тој го управувал, а било сопственост на лизинг компанија, било предмет на потрага од Интерпол – Шведска. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка“, се вели во полицискиот билтен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.