СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Д.(52) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и против Е.И.(42) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и едно кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. По преземени мерки, било утврдено дека пријавените во повеќе наврати продавале хероин на лица од Штип, додека во еден случај второпријавената била затекната во нејзиниот дом со едно лице на кое му овозможила да користи хероин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.