Сакционирани се две превозни претпријатија поради неправилности при вршење на јавен превоз.

Како што соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи, на автопатот Куманово-Скопје и кај наплатната рампа Романовце при контрола на два автобуса со кочански и гостиварски таблички управувани од И.А. (39) и С. А. (36) констатирано е дека возачките картички вметнати во тахографите не биле во сопственост на возачите кои ги возеле автобусите.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт и врски изречени се глоби за возачот, правното лице и управителите на правните лица во висина од по 7,500 евра. бак/Фото: МИА архива .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.