Шеваљ Муареми денеска неколку часа ги поминал во полициска станица во Дубаи, но подоцна е пуштен на слобода. Тој денеска бил во полициска станица откако за него беше распишана меѓународна потерница.

Според наши извори, Шеваљ е пуштен бидејќи тамошните власти му рекле дека нема доволно докази поради кои може да биде задржан, па го пуштиле на слобода. Инаку биле доставени докази против него од апликацијата Sky, кои пак полицијата во Дубаи не ги признавала за релевантни.

За него на 4. март беше распишана меѓународна потерница. Муареми е осомничен како предводник на групата од Грчец која убивала и пренесувала дрога, а беше откриена преку акција потпомогната и од меѓународните истражни институции.

„Муареми Шеваљ, татко Азби мајка Азбије, род.18.11.1977 год. во Скопје, живее на ул„.5“ бр.1 село Грчец, општина Сарај. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 година. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.123 ст.2, чл.394 ст.3 и чл.215 ст.3 од КЗ на РСМ.“, се наведува во потерницата на МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.