Автобус кој сообраќај на релација Куманово-Скопје утрово се запалил. Среќа е што патниците брзо се евакуирале.

Огнот го зафатил горниот дел од автобусот, а брзата интервенција на пожарникарите и возачот на авотбусот спречила голема трагедија.

Патниците на време го напуштиле автобусот, а причините за пожарот во моментов се непознати.

Инцидентите со автобуси се уште се рана за македонските граѓани, свежи се сеќавањата од пред една година кога во Бугарија изгоре македонски автобус, при што загинаа 46 патници.

Извор: Алсат

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.