Мојот брат се уште не е пронајден и покрај сите напори вложени од страна на полицијата и сите нас кои се ангажираме за неговото пронаоѓање, сподели сестрата на Никола Гоцев, кој излегол од дома околу пладне во средата, 16 ноември. Последен контакт со него е остварен со неговата сопруга непосредно по неговото излегување од дома, т.е. по напуштањето на аптека на ул. „Партизанска”, по што се упатил кон реката Вардар на риболов.

Како што споделува таа, неговите два телефони, на кои уште во средата бил недостапен, се лоцирани во Орман, место каде што Гоцев никогаш не бил, ниту пак некогаш во разговор го спомнал.

Нема никаква трага ниту од риболовна опрема, ниту пак пронајдено тело. Лично јас денес ги пребарав сите канали каде што одат рибари низ селата долж стариот пат до Катланово – повторно никаква трага. За жал и во куќата во Катланово нема знаци дека бил или престојувал таму за што може да посведочи и нашата сосетка во чие присуство ги отворив неговите соби во куќата. Повторно Ве замолувам сите, знајни и незнајни, бидете хумани како секогаш и споделете ја и оваа објава. Секоја информација ќе биде многу значајна за истрагата. Ви благодарам, се вели во нејзиниот апел.

Инаку, Никола на денот на исчезнувањето бил облечен во црни фармерки и истото сино елече од сфотографиите, со црвено-жолта јакна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.