Повеќе лица се полесно повредени во сообраќајка откако комбе-автобус изгубило контрола и се превртело на патот Струмица-Валандово, во близина на мотелот „Македонска куќа“.
Околу 06:20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица-Валандово, Ф.А.(42) од Струмица, управувајќи комбе-автобус со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел на коловозот. Во несреќата со полесни повреди се здобиле повеќе лица кои биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица и јавен обвинител од ОЈО Струмица, изјави Трајанова.
Според информациите од струмичкото обвинителство во комбе-автобусот се превезувале 25 лица, од кои 15 побарале помош во болницата.
Од струмичката болница информираа дека 15 патници побарале помош, а од нив тројца се задржани заради натамошни испитувања и следење на состојбата. Останатите по укажаната помош се упатени на домашно лекување.
Заради несреќата сообраќајот на овој патен правец беше во прекин до 08:45 часот, а по извршениот увид повторно е нормализиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.