Ноќва во 00:30 часот во с.Дебреше, гостиварско, кај патот за село Здуње полициски службеници од ОВР Гостивар врз основа на централен распис за сторени кривични дела кражби и тешки
кражби во подрачјето на Гостивар и општина Врапчиште, како и сторено кривично дело противправно лишување од слобода, го лишиле од слобода С.С.(36) од с.Дебреше.
При лишувањето од слобода, С.С. се обидел да избега и скокнал од бетонски ѕид, при што се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар Гостивар. Откако му била пружена медицинска помош, тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, соопштија од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.