Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски службеници од СВР Битола-Полициско оделение за безбедност во сообраќај Демир Хисар околу 17:30 часот го уапсиле Ш.Р. (30) од Ресен по претходна пријава од Ј.Н. од Демир Хисар дека му било одземено неговото патничко моторно возило „Сузуки“.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни активности и возилото е пронајдено во близина на местото викано Мраморица, а сторителот е приведен – информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.