Албанските власти распишаа меѓународна потерница по поранешниот вице-премиер Арбен Ахметај.

Откако Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, го потврди неговото неприсуство на територијата на земјата, испрати допис до Интерпол Тирана за потрага надвор од земјата.

Судот во отсуство му изрече мерка притвор откако на 14 месецов парламентот му го одзеде пратеничкиот мандат, по барање на СПАК, кој го товари за злоупотреба на службната положба, пасивна корупција, перење пари и лажно пријавување и прикривање имот.

Тој земјата ја напушти пред СПАК да достави барање за одземање на пратеничкиот мандат преку преминот Какавија, на албанско-грчката граница.

Беше пренесена информација дека избегал ви Канада, но потоа неговиот адвокат изјави дека е во Велика Британија, кај неговата ќерка.

Ахметај, кој беше и министер за финансии, за вицепремиер за обнова беше именуван по катастрофалниот земјотрес што земјата ја погоди на крајот на ноември 2019 година. Се смета за еден од најмоќните функционери и најблизок соработник на премиерот Еди Рама.

Сите обвинувања ги отфрли и најави враќање во земјата кога ќе се потврди неговата невиност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.