Службеници од Полициската станица на граничниот премин „Табановце“ при Регионалниот центар за гранични работи Север во саботата при извршена контрола на патничко возило – комби „Фиат Дукато“, со германска национална ознака, констатирале дека тоа не поседува комплетна потребна документација за меѓународен превоз на патници.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт се изречени соодветни санкции за возилото.

Како што информираа од МВР, патничко возило „Фиат Дукато“, било управувано од А.Р.(28) од Радовиш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.