На 21 јануари во 08.30 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека на објект во изградба на ул.„Фрањо Клуз“ во Скопје починал еден работник.

Полициски службеници од полициската станица излегле на местото и било констатирано дека И.П.(55) од Република Турција паднал додека извршувал градежни работи на објектот, по што починал на местото.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.