Попладнево во гаражата на трговскиот центар “Ист Гејт “ е пукано во Раде Трајковски Штекли . Нападот се случил во најдолниот дел од гаражата на трговскиот, а според првичните информации Трајковски Штекли не е повреден, јавува Телма.

Како што пишува Телевизијата, тој бил во блиндирано возило, а во моментот во Ист гејт мол полицијата врши увид.

Од МВР потврдија дека вооружен инцидент се случил во трговскиот центар и се истражува без да посочи други детали.

Раде Трајковски-Штекли,  неофицијално се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше  екстрадиран по апсење во Србија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.