„Раде првпат се спаси, вторпат…, ако останеш за третпат ќе те обесиме како во Саудиска Арабија“. Ова е најновата закана упатена кон Раде Трајковски Штекли преку социјалната мрежа Тик-ток. Зад материјалот не се знае кој стои, но се претпоставува дека се луѓе од скопското подземје.

Инаку Раде Трајковски Штекли во пукањето во Ист Гејт Мол се здоби со сериозни повреди во стомакот и градниот кош, но по операциониот зафат тој се наоѓа во стабилна состојба.

И пред два месеци во трговскиот центар „Ист гејт“ беше пукано кон лицето Раде Трајковски Штекли од патничко возило „БМВ“ кое потоа беше запалено во Грчец.

Раде Трајковски-Штекли, неофицијално се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.