Вчеравечер во 22 часот и 25 минути во СВР Тетово било пријавено дека во близина на поранешен угостителски објект во тетовско Јегуновце бил пронајден починат 51-годишниот Љ.М.
од ова село.

Лекар од Итна медицинска помош констатирале смрт без видливи траги на насилство, информира СВР Тетово.

Извршен е увид со учество на Јавен обвинител, лекар по судска медицина и екипа од СВР Тетово, а по наредба на Јавниот обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.