Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска во 15:30 часот во Кавадарци ја лишиле од слобода скопјанката С.Р.(22), осудена на казна затвор во времетраење од пет години, во врска со член 418 од Кривичниот законик.
-За неа била распишана централна потерница по наредба од Казнено-поправна установа Идризово – Скопје, каде има за доиздржување уште една година и пет месеци. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната, соопши МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.